Генералниот секретар на Амнести интернешнл Агнес Каламард ги повика Соединетите Американски Држави да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и веднаш да го ослободат британските власти.
Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што тој се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс.
Високиот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел да се самоубие во затвор во САД.
Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан.