Амнести предупреди на раст на смртноста кај цивилите во случај на копнена офанзива во Рафа

од Илинка Илиоска
122 прегледи

Американскиот огранок на групата за човекови права Амнести интернешнал денеска предупреди дека израелската копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, ќе доведе до смрт на голем број цивили кои не можат да добијат помош.

„Никому во Газа не може да му се обезбеди количината на помош што е потребна во моментов. Ако не се прекине планираната копнена операција, ќе бидат убиени уште илјадници цивили“, велат од групата на платформата X.

Амнести нагласи дека е неопходно владите ширум светот да извршат притисок за воспоставување траен прекин на огнот во палестинската енклава.

Во Рафа има околу 1,4 милиони луѓе, од кои најмалку 600.000 се деца, кои се соочуваат со недостиг од вода за пиење, храна и лекови.

Израел го нападна овој палестински град оваа недела тврдејќи дека се работи за „ограничена операција“

Слични содржини