АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

од Milan1
24 прегледи

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила е активна вечерва на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопшти АМСМ. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во село Голема Црцорија, не е прооден поради снежни наноси.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини