Анџелина Џоли загуби судска битка против Бред Пит

од Vladimir Zorba

Во новиот судски спор меѓу поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит, победата отиде во корист на холивудскиот актер, кој се бори за контрола на француското лозје, кое своевремено го купил со поранешната сопруга.

Замокот Миравал и придружното лозје, каде што се произведува наградувано пенливо розе, со години се во центарот на судската битка меѓу Анџелина и Бред, при што Џоли се обидува да ја поништи прелиминарната пресуда во Врховниот суд во Лос Анџелес со најновата тужба.

Станува збор за тужба во која Бред Пит тврдеше дека Анџелина го продала својот дел од нивното лозје на рускиот олигарх Јури Шефлер во 2021 година без негова согласност.

Судот ги отфрли тврдењата и обвинувањата на Анџелина дека неговата тужба е „несериозна, злонамерна и дел од проблематична шема“.

За Бред Пит и неговиот правен тим, ова сега значи дека имаат зелено светло да го однесат целиот процес на суд, во кој актерот ја тужи поранешната сопруга за прекршување на нивниот меѓусебен договор прво да си понудат откуп.

Судијката Лиа Мартин ги отфрли обидите на адвокатите на Џоли да го отфрлат барањето за прекршување на имплицитен договор, што е последен удар врз актерката и рускиот тајкун.

Слични содржини