Андреа Довициозо е тешко повреден

од Симе Стоиков
242 прегледи

Поранешниот Мото ГП возач, Андреа Довициозо доживеа тешка несреќа, каде беше тешко повреден, но неговиот живот не беше загрозен.

Довициозо е во тешка состојба, за среќа не е опасна по живот, по несреќата што ја доживеа во вторникот наутро на тренинг за мотокрос, пренесе АНСА.

Како што пишува италијанската новинска агенција, Довициозо тренирал во Тоскана, а откако паднал на глава се здобил со тешки повреди.

Тој е пренесен во болница во Фиренца, а засега нема дополнителни официјални информации за неговата состојба, точниот вид и тежината на повредите.