Ангела Меркел: Војната во Украина ќе почнеше уште порано доколку Киев влезеше во НАТО во 2008 година

од Milan1
14 прегледи

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев го започнал својот пат кон членство во НАТО во 2008 година.

„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот (Владимир) Путин нема да стои со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нема да биде подготвена како во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.

Во ретко интервју откако се повлече од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост поради обновените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.

„Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако ја напуштила функцијата.

Би-би-си наведува дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станале зависни од Москва, а Германија изградила два гасоводи директно поврзани со Русија, пренесува „Танјуг“.

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги спречи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што рече, „на крајот не успеале“.

„Нова ера во односите на Европа со Русија, за жал, започна по целосната инвазија на Украина“, нагласи германската канцеларка.

Слични содржини