Англија ги заострува мерките поради новиот сој на ковид-19

од Milan1
322 прегледи

Во Англија, задолжителното носење маски во продавниците и во јавниот превоз се враќаат следната недела во рамки на серија ограничувања воведени поради новата вваријанта на Ковид-19 Омикрон. Се очекува и останатите држави во Обединетото Кралство – Шкотска, Велс и Северна Ирска – да ги воведат истите ограничувања.

Премиерот Борис Џонсон рече дека ограничувањата се привремени и превентивни. На специјална прес- конференција, придружуван од клучните владини и научни советници Крис Вити и Патрик Валанс, премиерот објави дека омикрон се шири исклучително брзо и можно е дека се пренесува меѓу целосно имунизирани луѓе. Поради тоа е неопходно заострување на ограничувањата.

Борис Џонсон рече дека луѓето нема да бидат спречени да патуваат, но во овој момент сите оние кои доаѓаат од странство ќе мора да направат ПЦР тест вториот ден и да се изолираат. Оние кои доаѓаат од земјите на „црвената листа“, на која во моментов има 10 земји од Јужна Африка, ќе бидат ставени во карантин во хотели. Ќе се обнови задолжителното носење маски во продавниците и во јавниот превоз, но не и во рестораните.

Повторно, посебно внимание се посветува на вакцинацијата со акцент на бустер дозите. Џонсон рече дека Заедничката комисија за вакцинација и имунизација во овој момент треба да одлучи дали навистина да ја намали старосната граница за трета доза на 18 години и да дозволи втора доза за деца на возраст од 12 до 15 години. Џонсон изрази уверување дека годинешниот Божик ќе биде многу подобар од претходната година. На островот се регистрирани два случаи на омикрон.

Слични содржини