Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин најави дека во случај Грција да ги прошири територијалните води на 12 наутички милји ќе има сериозни последици.
„Неодамна, министерот за надворешни работи рече дека секое проширување на територијалните води на повеќе од 6 милји, а не 12 милји, веднаш ќе наиде на приговор, противење и жесток отпор од Турција. Ние ќе се спротивставиме, нема да го прифатиме“, Калин одговори на прашањето на новинарот на телевизијата НТВ каков ќе биде одговорот на Турција доколку Грција ги прошири своите територијални води на Крит, пренесува Катимерини.
Калин изјави дека во случај на проширување на територијалните води на Крит, турските бродови „ќе тргнат од Истанбул и ќе ги затворат излезните премини кон Медитеранот“ и нагласи дека Анкара нема да прифати таков чекор на Атина.