266
Со санкциите на САД против Русија нема да се постигне целта за поткопување на економијата на земјата, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.
– Нема да можат да ги фрлат Русите на колена пред неправдата. Никој не може да не принуди да го жртвуваме доброто на нашата татковина за да ја задоволиме волјата на САД и нивните сојузници, коментира Антонов.