494
Откако наиде на низа осуди од здруженијата, новинарската фела и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Димитар Апасиев се огласи повторно со свој фејсбук статус.
Имено, тој најави тужба за порталот и одговорното лице, со следниот став:
Ај вака…
Ако ти речат: “Ќе те тепам” – тоа е закана.
Ако ти речат: “Ќе те ТУЖАМ” – тоа е опомена.
И да. Мери Јордановска од провладиниот портал А1он – ќе те ТУЖАМ за сторено кривично дело “неовластено објавување личен запис” (смс кореспонденција). Барајте си добар адвокат. По можност ЗНМ да ти го плати. Или Сорос
#КвазиНовинарскаНеписменост
#ДаЖивееПрофесионалнотоНовинарство