Apple-овиот iPhone Fold би можел да пристигне порано од очекуваното

Apple iPhone Fold, уредот со кој компанијата од Купертино влегува во светот на преклопливите паметни телефони, би можел да се појави порано отколку што досегашните гласини сугерираа

од Кристијан Димков
6 прегледи Фото: Cybernews

Веќе подолго време се навестува дека iPhone Fold (или Ultra) конечно ќе „ја види светлината на денот“ во текот на есента оваа година, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Сепак, неодамнешните гласини наведуваат дека испораките нема веднаш да започнат, бидејќи Apple наводно ќе го најави на истиот настан како и Pro моделите, кои традиционално стануваат достапни кон крајот на септември, додека на Fold моделот ќе му бидат потребни уште неколку недели за да пристигне во продавниците. Ова го тврди еден извор, додека друг наведува дека би можел да биде објавен дури во декември.

Сепак, се чини дека Apple прави сè што може за пристигнувањето на iPhone Fold да биде целосно синхронизирано со iPhone 18 Pro и Pro Max. Според извор од социјалната мрежа Weibo, пробното производство на iPhone Fold веќе започнало во фабриката на производствениот партнер на Apple, Foxconn, во Кина.

Тоа значи дека постои можност масовното производство да започне околу јули, заедно со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, секако, доколку сè помине без проблеми за време на оваа почетна пробна фаза.

Слични содржини