„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 23:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Б.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 17:50 часот на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Л.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Полициски службеници од СВР Велес вчера во 23:40 часот во Велес го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.