53
– Денеска (13.11.2024) во 11.35 часот во СВР Скопје А.А. пријавил дека А.Л со уште едно лице, со патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, застанале пред неговиот дом во село Арачиново, при што држеле огнено оружје, се задржале краток период по што се оддалечиле, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.