„Четири години не дозволивме да помине ДУПот во Гази Баба со бетонското чудовиште од 100.000 метри квадратни и ниту 1% зеленило.
Барајте од кандидатите веднаш изјава заверена на нотар, дека нема да го поминат овој проект на урбаната мафија.
Да не се случи да го изгласаат како оној со 3 објекти хемиски фабрики и 31 зграда висококатница во Ѓорче Петров, тивко под радар за време на викенд“, објави на својот Фејсбук профил градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.