272
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, има право да се обиде да ја оспори одлуката пред Врховниот суд на Велика Британија, со која е дозволено да биде екстрадиран во САД, под обвинение за шпионирање во 18 точки, објави Вишиот суд во Лондон.
Овој суд во декември ја поништи одлуката на понискиот суд дека Асанж не треба да биде екстрадиран бидејќи поради психички проблеми е во опасност да изврши самоубиство.
Високиот суд објави дека на Асанж му било одобрено да поднесе жалба на неговата позиција.
Основачот на Викиликс не доби право да поднесе директна жалба, што значи дека Врховниот суд треба да одлучи дали ќе ја разгледа неговата жалба или не.