Астон Вила привлече дефанзивец на Арсенал

од Vladimir Zorba

Астон Вила продолжува со својата ударна селекција. Менаџерот Стивен Џерард работи напорно за да го засили својот тим до крајот на сезоната. Уште едно сериозно име кое пристигна на Вила Парк е дефанзивецот на Арсенал, Калум Чемберс.

Договорот меѓу двата клуба е веќе факт, откко 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со тимот од Бирмингем за следните три и пол години. Сепак, не ја соопштија вредноста на трансферот.

„Астон Вила е среќна што може да го објави ангажирањето на Калум Чемберс од Арсенал. Разновидниот дефанзивец може да игра и во центарот на одбраната и како десен бек. Тој потпиша договор за следните три и пол години. Чемберс е дете на Саутемптон, по кој се пресели во Арсенал во 2014 година. Тој исто така има два периоди на позајмица во Мидлзброу и Фулам“, се вели во најавата.

Ова е четврти нов играч во клубот во текот на зимскиот преоден рок, откако на Вила Парк веќе пристигнаа Лука Дин, Филипе Кутињо и Робин Олсен.

Слични содржини