Астрономите открија нова планета

од Milan1
931 прегледи

Астрономите открија нова планета со големина на Земјата која кружи околу мала, студена ѕвезда за која се проценува дека постои 100 пати подолго од Сонцето. Карпестиот свет на таа планета наречена Спекулус-3б, оддалечен е 55 светлосни години од Земјата и откриен додека се движел пред својата ѕвезда домаќин, ултра-студената џуџеста ѕвезда која е дупло постудена од топлото Сонце и 100 пати помалку сјајна, пренесува британски „Гардијан“.

Новооткриената планета е опишана „практично со иста големина како Земјата“ која се врти околу црвената џуџеста ѕвезда на секои 17 часа, така што ја прави годината на планетата пократка од еден ден на Земјата.

Но, додека годините на Спекулус-3б се пократки, на деновите и ноќите им нема крај.

„Веруваме дека планетата орбитира синхроно, така што истата страна која се нарекува дневна страна секогаш е свртена кон ѕвездата, баш како што и Месечината е свртена кон Земјата. Од друга страна, ноќната страна е заробена во бескрајна темнина“, изјавил Мишел Гијон, астроном од Универзитетот во Лиеж во Белгија и главен автор на студијата.

Слични содржини