Авион со 90 тони американска воена помош слета во Украина

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Авион со пратка од околу 90 тони американска воена помош слета во Украина, соопшти прес-службата на американската амбасада во Киев.

„Првата пратка помош испратена од претседателот Бајден пристигна во Украина. Вклучува близу 90 тони воена помош, вклучително и муниција за бранителите на првата линија на фронтот на Украина“, објави амбасадата на својот профил на Твитер, пренесе ТАСС.

Од амбасадата посочија дека минатата година САД и дале воена помош на Украина во вредност од над 650 милиони долари, додека од 2014 година таа земја добила 2,7 милијарди долари помош.

Потегот „ја покажува посветеноста на САД кон Украина да ја зајакне својата одбрана од растечката руска агресија“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба ја потврди информацијата на западните медиуми дека Киев ќе добие воена помош од Вашингтон во износ од 200 милиони долари.