Авион влегол во силни турбуленции, повредени повеќе од 30 луѓе

од Radmila Tasevska
137 прегледи

Повредени се повеќе од 30 лица, од кои 11 потешко, кога авион кој летал за Хонолулу, во американската држава Хаваи, влегол во големи турбуленции.

„ Летот HA35 влезе во област со силни турбуленции и безбедно слета во Хонолулу во 10:50 часот“, се вели во соопштението на „Хаваи Ерлајнс“ објавено на Твитер.

Итните служби во неделата лекувале 36 пациенти со различни повреди, од кои 11 се префрлени во локалните болници во тешка состојба, објавија локалните весници, пренесува „Ројтерс“.

Портпаролот на авиокомпанијата додаде дека авионот Ербас А330 превезувал 278 патници и 10 членови на екипажот и влегол во зоната на турбуленции додека се приближувал до островите.

Слични содржини