Австралија ја укинува забраната за патување во странство

од Milan1
248 прегледи

По повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните границиАвстралија ќе ја укине забраната за патување во странство без дозвола, соопшти денеска владата, а до крајот на годината треба да бидат отворени и границите на земјата за квалификувани работници и странски студенти.

Целосно вакцинираните граѓани нема да мора да бараат одобрение за напуштање на земјата, се наведува во заедничкото соопштение на министерствата за здравство и за внатрешни работи.

Ова е соопштено во време кога стапката на ревакцинирани возрасни лица во земјата се доближува до целта од 80 проценти.

Министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус изјави дека приоритет сега им се дава на австралиските државјани, додека другите ограничувања за патување, вклучувајќи ги и оние кои не се државјани на Австралија, ќе се олеснуваат попатно, со зголемувањето на стапката на вакцинација.

-Пред крајот на годината, очекуваме да примиме квалификувани работници и странски студенти кои се целосно вакцинирани, изјави Ендрјус.