Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години, штетни се за децата

од Milan1
12 прегледи

Австралискиот премиер Ентони Албанез соопшти дека неговата влада законски ќе ги забрани социјалните мрежи за деца под 16-годишна возраст, што е прв таков предлог во светот.

-Социјалните мрежи им штетат на нашите деца и сакам да ставам крај на тоа, рече Албанез на прес-конференција.

Законот годинава ќе биде испратен до Парламентот, а ќе стапи во сила дванаесет месеци откако пратениците ќе го прифатат, додаде тој. Корисниците со родителска согласност нема да бидат исклучок.

-Социјалните мрежи ќе имаат обврска да го спречат пристапот. Тој товар нема да биде ниту на децата, ниту на родителите, рече австралискиот премиер.

Министерката за комуникации Мишел Роуланд појасни дека законот ќе важи за платформите на Мета – Инстаграм и Фејсбук, како и за ТикТок и Х на Илон Маск, а веројатно и за Јутјуб.