Австралија регистрираше рекордно висока зимска температура од 41,6 степени Целзиусови

од Milan1
31 прегледи

Австралија денеска регистрираше рекордно висока зимска температура, при што живата достигна 41,6 степени Целзиусови на дел од северозападниот брег.

Со тоа беше соборен претходниот рекорд за 0,4 степени Целзиусови.

Метеоролошкото биро соопшти дека мерењето е направено во воен објект за обука во Јампи Саунд во 15:37 часот по локално време.

Слични содржини