Тенискиот сојуз на Австралија излезе со соопштение и потврди дека Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, нема да присуствува на полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Томи Пол по инцидентот со навивачите и руските знамиња.
„По настанот во средата вечерта, во соработка со припадниците на обезбедувањето и полицијата, брзо реагиравме за да ги отстраниме одговорните од комплексот. За време на турнирот, разговаравме со играчите и нивните тимови за важноста да не се вклучуваме во ништо што ќе предизвика нарушување. Господинот Срѓан Ѓоковиќ даде изјава во која изјави дека нема да присуствува на вечерашното полуфинале“, соопшти ТС Австралија, потсетувајќи дека руското и белоруското знаме сепак ќе бидат забранети.
Упатија и апел за Украина.
„Тенис Австралија цврсто се придржува до повикот за мир и крај на војната во Украина“, се заклучува во соопштението.