Австрија ги зголемува полициските контроли на границата со Германија

од Симе Стоиков
172 прегледи

Австрија ќе ги зголеми полициските контроли на границата со Германија, откако Берлин го легализираше поседувањето и консумирањето канабис, пишува Асошиетед прес.

– Полицијата ќе ги зајакне контролите, особено во областите во близина на границата, со цел да се отстранат од промет супстанците кои предизвикуваат зависност како и возачи под дејство дрога – изјави австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

Австриското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе бидат распоредени полицајци во цивилна облека и специјалисти од регионалните сообраќајни одделенија обучени да препознаваат симптоми предизвикани од дрога.

Во Германија на 1 април стапи на сила законот кој им дозволува на граѓаните постари од 18 години да поседуваат и пушат канабис.

Новите прописи го легализираат поседувањето до 25 грама марихуана за рекреативни цели за возрасни и им овозможуваат на граѓаните сами да одгледуваат до три растенија.

Како следен чекор во правната реформа, од 1 јули ќе може легално да се набавува марихуана преку клубовите за канабис во земјата, кои можат да имаат до 500 членови.

Слични содржини