Австриска докторка дозволила нејзината 13-годишна ќерка да направи отвор во череп на пациент

од Milan1
24 прегледи

Австриска специјалистка по неурохирургија, чиј идентитет не е соопштен, е под истрага поради сомневање дека ѝ дозволила на својата 13-годишна ќерка активно да учествува во операција и да направи отвор во череп на пациент.

По несреќа во шума, која се случила во јануари оваа година, 33-годишен пациент бил пренесен во Универзитетската болница во Грац со сериозни повреди на главата, пренесува британски „Телеграф“.

-Хирургот тогаш ѝ дозволила на својата ќерка тинејџерка да учествува во операцијата, која вклучувала отворање на черепот на пациентот, пишува австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Операцијата наводно поминала без компликации, но анонимна пријава со обвиненија стигнала до државното обвинителство дури во април. Потоа, полицијата во јули го информирала наводниот пациент за случајот.

„Кронен цајтунг“ пренесува дека таа и уште еден специјалист кој бил присутен за време на операцијата биле отпуштени.

„Лежиш таму, беспомошно, без свест и стануваш експеримент. Ова не би требало да биде возможно. Ова не би требало да се случи“, изјави адвокатот на оштетениот, Петер Фрајбергер.

Тој додаде дека сите кои биле присутни за време на операцијата треба да понесат одговорност и најави тужба против целиот тим кој присуствувал на операцијата.

Слични содржини