221
Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска им изјави на новинарите дека се слушнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Украинскиот претседател го започна разговорот со зборови дека се јавува од земја која не знае колку ќе издржи и дали ќе постои и дека се јавува како претседател кој не знае колку ќе остане жив“, рече Нехамер.
Тој додаде дека Зеленски „се молел за помош на Европа и светот“ и дека „се плаши за опстанокот на својата земја“.
Австрија поддржува строги санкции против Русија, нагласи Нехамер.