138
Руски разузнавачки авион А-50 е оштетен во неделата во напад со беспилотно летало врз воена база во близина на главниот град на Белорусија, Минск, соопштија белоруските партизански герилци и членови на опозицијата во егзил.
„Тоа беа беспилотни летала. Учесниците во операцијата беа Белоруски“, изјави на Телеграм лидерот на антивладината организација BYPOL, Аликсандар Азаров, а пораката ја објави и на полскиот канал Белсат.
Тој додаде дека учесниците во нападот „сега се безбедни, надвор од земјата“, според Ројтерс.