Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Вашингтон нема да испраќа борбени авиони Ф16 во Украина, пренесе Ројтерс.
Минатата недела западните медиуми објавија дека група воени претставници „тивко“ барале од Пентагон да испрати F-16 во Киев.
За ова прашање синоќа зборуваше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој не ја исклучи можноста Париз да испрати борбени авиони во Киев, но под одредени услови.