Баба измамена за 60.000 евра, поверувала дека внукот прегазил мигрант во Германија

од Илинка Илиоска
181 прегледи

Изнамници  наседнале 75 годишна жена. Таа била излажана од едно лице кое ја довело во заблуда дека нејзиниот внук прегазил мигрант во Германија и барал пари за да му помогне.

„Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице, соопшти МВР. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра. Како што е пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари“, наведуваат од МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Слични содржини