Бајден: Американци, напуштете ја Украина, нема да испратам војска по вас

од Milan1
309 прегледи

Претседателот на САД Џозеф Бајден ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина и порача дека нема да испраќа војска да ги спаси, доколку Русија ја нападне Украина.

Бајден истакна дека работите би можеле брзо да излезат од контрола, пренесува Ројтерс.

Претходно американскиот Стејт департмент ги повика Американците во Украина веднаш да ја напуштат земјата поради, како што тврдат, „зголемените закани од руската воена акција“.

„Не патувајте во Украина поради зголемените закани од руската воена акција и Ковид-19“, се вели во советодавните упатства на Стејт департментот.

Се наведува и дека Американците кои се во Украина треба веднаш да ја напуштат земјата.

Русија постојано негираше дека планира да ја нападне Украина, но поради акумулацијата на повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница, некои западни земји, вклучително и САД, тврдат дека може да ја нападне Украина во секое време.

Слични содржини