Бајден: Да се спречи Русија да манипулира со протокот на природен гас

од Milan1
345 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден во Рим разговараше со германската канцелка во заминување Ангела Меркел за обидите на Русија да манипулира со испораките на природен гас од политички причини, соопшти Белата куќа.

Бајден, кој е во Рим на самитот на Г-20, ја истакна важноста да се спречи Русија да „манипулира со протокот на природен гас со штетни политички цели”, се наведува во соопштението.

Се додава дека двајцата разговарале и за ситуацијата во Авганистан.

Претходно, операторот на гасоводот во Германија објави дека престанал да доставува руски гас за делови од гасоводот Јамал-Европа, кој поминува низ Полска до Германија. „Газпром” соопшти дека вчера биле исполнети барањата на европските потрошувачи.

Русија испраќа гас во Западна Европа преку неколку различни рути, од кои едната е Јамал-Европа со капацитет од 33 милијарди кубни метри годишно.

Слични содржини