Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џозеф Бајден го осуди како што рече „бруталниот наплив на антисемитизам во Америка и во целиот свет“, велејќи дека постои опасност луѓето да не ја дознаат вистината за ужасите на Холокаустот, пренесува „Асошиетед прес“. На комеморацијата за жртвите на холокаустот, Бајден рече дека оваа „омраза сè уште лежи длабоко во срцата на многу луѓе во светот“.
Забелешките на Бајден доаѓаат во време на пропалестински протести, од кои некои вклучија антисемитски скандирања и закани против еврејските студенти и поддржувачите на Израел, на кампусите од колеџите низ целата земја.
„Не 75 години подоцна, туку само седум и пол месеци подоцна, луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор, дека Хамас беше тој што ги брутализираше Израелците, дека Хамас беше тој што зеде и држи заложници“, истакна Бајден.