Бајден и Путин го осудија атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

од Илинка Илиоска
166 прегледи

САД го осудуваат нападот врз словачкиот премиер, изјави американскиот претседател Бајден и порача дека нивната амбасада е подготвена да и помогне на словачката Влада. Тој во изјавата објавена на веб-страницата на Стејт департментот наведе дека е вознемирен од веста.

„Првата дама на САД, Џил, и јас се молиме за негово брзо закрепнување, а нашите мисли се со неговото семејство и народот на Словачка. Го осудуваме овој ужасен чин на насилство“, рече Бајден.

Полицијата го идентификувала 71-годишниот Ј.Ц. од Левице, дека со пиштол, што законски го поседувал, го застрелал премиерот на Словачка, Роберт Фицо, кој со автомобил бил пренесен во болница, од каде со хеликоптер бил префрлен во Бањска Бистрица, а неговата здравствена состојба е критична.

Атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо го осуди и рускиот претседател Владимир Путин . Во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин напиша дека е огорчен од „монструозното злосторство“, пренесуваат руските медиуми.

„Го познавам Роберт Фицо како храбар и силен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација. Му посакувам брзо закрепнување“, напиша рускиот лидер.

Напаѓачот веднаш по нападот бил приведен од полицијата.

Случајот го презеде Националната агенција за криминал

Слични содржини