Бајден: Мора да има привремен прекин на огнот во Газа

од Radmila Tasevska
286 прегледи

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави денеска дека треба да има привремено примирје во Газа за да се извлечат заложниците од палестинската територија според потенцијален договор за нивна размена со затвореници во Израел.

-Мора да има привремен прекин на огнот за да се извлечат заложниците, рече Бајден од Белата куќа.

Тој додаде дека имал „обемни“ разговори со израелскиот премиер за ова и дека преговорите се „во тек“.

Слични содржини