Бајден размислува за испорака на беспилотни „летала – камикази“ за Украина

од Milan1
231 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „МејлОнлајн“.

Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински управувач, се произведуваат во две верзии и се дизајнирани да гаѓаат тенкови или артилериски позиции.

Се верува дека со истите ракети е убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани за време на управувањето на Доналд Трамп во 2020 година, потсетува британското издание.

Ен Би Си Њуз, од своја страна, соопшти дека се уште не е донесена одлука. Според американската ТВ мрежа, постојат две варијанти на ова оружје – „300“ и „600“.

Типот „300″ е дизајниран за прецизни напади против воен персонал, а „600″ можат да уништат тенкови и други оклопни возила.

Слични содржини