Бајден: Русија со месеци се обидуваше да гo поткопа изборниот процес во Молдавија, но не успеа

од Milan1
17 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска го поздрави реизборот на проевропската претседателка на Молдавија, Маја Санда, во вториот круг од претседателските избори во таа земја, оценувајќи дека „пропаднаа“ напорите на Русија да ги спречи тие избори.

„Русија со месеци се обидуваше да ги поткопа демократските институции и изборниот процес во Молдавија. Но, Русија не успеа“, се вели во изјавата на Бајден.

Тој го поздрави фактот дека „молдавскиот народ избра да оди по пат усогласен со Европа и демократиите на целиот свет“.

Молдавија ја потврди својата европска ориентација во неделата со реизборот на Маја Санду, во вториот круг од претседателските избори по тензиите и поради сомневањата за руско мешање.

Санду освои 54,9 отсто од гласовите, а Александар Стојаногло, 57-годишен поранешен обвинител поддржан од проруските социјалисти, освои 45 отсто.

Слични содржини