40
Американскиот претседател Џо Бајден ја отфрли загриженоста за неговиот настап во дебатата, велејќи им на новинарите дека мисли дека добро му оди.
„Мислам дека направивме добро“, рече Бајден по дебатата.
Запрашан од новинарите дали мисли дека треба да се откаже од кандидатурата и дали е загрижен за неговиот настап во дебатата, Бајден го нападна Доналд Трамп.
„Не, тешко е да се дебатира со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати, големи лаги“, рече Бајден.
На прашањето дали е болен, Бајден рече дека има болки во грлото.