Бајден со нов предлог-закон ги суспендира санкциите против Северен тек 2

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Џо Бајден има за цел да ги укине американските санкции за гасоводот Северен тек 2 преку нов нацрт-закон за одбрана, објави во средата „Форин полиси“.

Државниот секретар Ентони Блинкон и неговите помошници ги повикаа сенаторите да обезбедат поддршка за укинување на санкциите за гасоводот. Тие додаваат дека одлуката на администрацијата на Бајден е мотивирана од нејзината намера да ја задржи Германија како сојузник, особено ако тензиите меѓу Русија и Украина ескалираат во нов вооружен конфликт.

Претходно овој месец, Соединетите Држави усвоија нов сет на санкции против руските компании поврзани со Северен тек 2, потег што го осуди Москва.

Слични содржини