Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Владата ќе ги плати трошоците за поправка

од Симе Стоиков
214 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека бројот на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги плати трошоците за поправка на мостот што се урна во Балтимор.

Тој го нарече уривањето на мостот „страшен инцидент“ и рече дека лично бил над мостот Френсис Скот Ки „многу, многу пати“ додека патувал од неговата родна држава Делавер.

Бајден вели дека властите проценуваат дека осум лица се водат за исчезнати, додавајќи дека тој број може да се промени.

„Федералната влада ќе ги плати трошоците за поправка на мостот“, рече Бајден, но додаде дека ќе бара од членовите на Конгресот да ги одобрат трошоците, пренесува Би-Би-Си.

Претседателот вели дека е од витално значење мостот да биде пуштен во употреба што е можно поскоро.

Пристаништето во Балтимор, вели тој, е еден од најголемите бродски центри во земјата.

„Минатата година услужи рекордно количество товар. Тоа е и најголемото пристаниште во Америка и во однос на увозот и извозот на автомобили“, вели тој, додавајќи дека годишно низ пристаништето минуваат 800.000 возила.

Тој исто така рече дека 15.000 работни места „зависат од тоа пристаниште и ќе направиме се што можеме за да ги заштитиме тие работни места“.

Слични содржини