Бајру: Франција и Европа мора да се спротивстават на Трамп, во спротивно ќе бидеме згазени

од Milan1
35 прегледи

Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека Франција и Европа мора заеднички да се спротивстават на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата политика, во спротивно треба да очекуваат да „бидат смачкани“.

„САД одлучија да започнат исклучително доминантна форма на политика, преку доларот, преку својата индустриска политика, преку фактот дека можат да ги „заробат“ глобалните инвестиции и глобалните истражувања“, изјави Бајру за новинарите, пренесе „Ројтерс“.

Тој нагласи дека нешто мора да се преземе околу ова прашање.

„Ако не направиме ништо, нашата судбина е многу едноставна врз нас ќе доминираат. Ќе бидеме газени, маргинализирани. „Начинот на кој реагираме е одлука која зависи од францускиот народ и Европа, бидејќи очигледно, без Европа, не можеме ништо да направиме“, додаде тој, пренесува Танјуг.

Слични содржини