Банката на Русија ја зголеми основната каматна стапка на РЕКОРДНИ 20%

од Vladimir Zorba

Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка од 9,5 на 20 отсто на годишно ниво за да се спротивстави на ризиците од депрецијација на рубљата и зголемената инфлација.

„Надворешните околности за руската економија драстично се променија. Подигнувањето на основната стапка ќе овозможи зголемување на каматните стапки на депозитите до нивото потребно за неутрализирање на ризиците од растечки ризици од девалвација и инфлација. Ова ќе ја поддржи финансиската и ценовната стабилност и ќе ги заштити заштедите на граѓаните од девалвација“, се вели во соопштението на Банката на Русија, пренесе ТАСС.

Ова е највисокото ниво на референтна каматна стапка во Русија досега. Претходното рекордно ниво од 17 проценти беше забележано во декември 2014 година.

Дополнително, на предлог на Министерството за финансии и Руската централна банка, денеска беше донесена одлука со која се наложува на сите жители во Русија кои се занимаваат со надворешна трговија да продадат 80 отсто од својата девизна заработка.

Банката на Русија во неделата објави серија мерки за поддршка на домашниот пазар на капитал, со цел да се контролираат растечките последици од острите западни санкции воведени против Москва поради нападот врз Украина.

Слични содржини