Бар во Хрватска наплаќa користење на пешкири: Aко сакаме, можеме да го наплатиме и воздухот

од Milan1
398 прегледи

Последниве години, а особено ова лето, многу туристи се разочарани од превисоките цени на плажите, на бројните популарни одморалишта. Освен Грција, во ова води и Хрватска, па цените на лежалките и чадорите ги надминаа сите реални очекувања.

Една плажа во Хрватска, поточно бар на плажа во Водице, шокираше со објавата дека дури и наплаќа места за пешкири на плажа.

Оваа информација се појави на фејсбук групата „Апартмани ВОДИЦЕ- ТРИБУЊ-СРИМА“, каде револтирани граѓани реагираа на необичен ценовник, на кој меѓу другото пишуваше „место за пешкир“ по цена од четири евра.

Ако луѓето сакаат нешто поудобно, како лежалки, тогаш цената е 10 или дури 43 евра.

Порталот „Morski.hr“ стапил во контакт со раководителите на оваа плажа, а одговорот што го добиле бил дека не е плажа туку приватен имот на 10 метри над самата плажа, т.е. на поморски имот и ако сакаат, сопственикот и концесионерот може таму да „наплаќаат и воздух“.

Додаваат и дека не им требаат дозволи бидејќи работат на приватен имот, па кој сака да си го стави пешкирот на имотот ќе треба да си одвои четири евра, пренесува порталот „Morski.hr“.

Но, за да наплатат што било, мора да имаат регистрирана дејност за тоа, а дополнително да издаваат и сметки. Во тој случај услугата можат да наплатат милион евра, но без сметка – не се смета, пишува овој сајт.

Слични содржини