Лидерот на опозициски демократи Љуљзим Баша во денешната објава на социјалните мрежи, наведува дека Албанија е најсиромашната земја во Европа а тоа е затоа што таа е најкорумпираната земја и поради тоа треба да се спроведе ветинг.
-Албанија е најсиромашната земја во Европа, бидејќи е најкорумпираната земја во Европа. Со илјада и една грижа се соочуваат луѓето кои се борат за подобар живот, претприемачите кои се борат да преживеат во неконкурентна економија, старите лица со недоволни пензии, младите кои секој ден сè повеќе сонуваат да заминат подалеку од Албанија. Затоа, треба да се спроведе ветинг во политиката за да се стави крај на неказнивоста, да се „исчисти политиката од сите оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните, збогатувајќи се себеси и мал број луѓе околу нив”, пишува Баша.
Според Баша, оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните мора да си заминат, повторувајќи дека ветингот во политиката може да почне од него.