Бектеши треба веднаш да биде разрешен од функцијата, вели професорката Најчевска

од Radmila Tasevska
174 прегледи

На својот Фејсбук профил, професорката Мирјана Најчевска, побара разрешување од функцијата за министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Ова не е просто вербален напад на новинар/и, ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот (право на информирање). Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања. И многу ме интересира што си замислуваат високите функционери во нивните глави? Зошто служат новинарите? Да ги слушаат и да паѓаат во несвест од нивната мудрост? Да ги пренесуваат нивните бесценети пораки до граѓаните? Да им прават реклама? Навистина ме интересира. Јас ете не можам да влезам во токот на мислите кој би довел до една ваква изјава“, стои во објавата на Фејсбук профилот на Најчевска.

Денес министерот за економија, Крешник Бектеши и се извини на новинарката на Канал 5, Катерина Капковска, на која за време на вчерашната прес-конференција, наместо да ѝ одговори на прашањето за зделката на ЕСМ за цените на гасот, неоправдано ја нападна велејќи дека прашањата и биле дадени од лица со кои има добра соработка, алудирајќи на „Макпетрол“ за кои новинарката посочи дека објавиле за пониска цена на гасот за февруари во однос на јануари. Министерот денес во извинувањето нагласи дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество.

Слични содржини