Белата куќа: Израел има право да му возврати на Хезболах по нападот на Голанската висорамнина

од Milan1
69 прегледи

Израел има право да му одговори на Хезболах по ракетниот напад на Голанската висорамнина во саботата, иако САД не веруваат дека тоа треба да доведе до ескалација, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Тој, исто така, рече дека инцидентот во Голан не треба да влијае на преговорите за прекин на огнот во Газа и обезбедување на ослободување на заложниците што таму ги чува Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

Во ракетниот напад на Хезболах во петокот загинаа 12 деца на фудбалско игралиште во друзското село Мајдал Шамс на Голанската висорамнина.

Слични содржини