Белорусија и Русија продолжуваат со подготовките за заеднички вежби на воздухопловните сили

од Radmila Tasevska
171 прегледи

Белорусија и Русија продолжуваат да формираат заедничка воена група во Белорусија и да подготвуваат заеднички вежби на воздухопловните сили, соопшти денес Министерството за одбрана на Белорусија.

Министерството наведе дека целта на вежбите е да се создадат заеднички сили кои ќе ја зајакнат заштитата и одбраната на Унијата (Русија и Белорусија), пренесе Ројтерс.

„Персоналот, оружјето, војниците и специјалната опрема на вооружените сили на Руската Федерација ќе продолжат да пристигнуваат во Белорусија“, се додава.

Слични содржини