Белорусија им се приклучи на руските нуклеарни вежби

од Илинка Илиоска
697 прегледи

Белорусија денеска објави дека нејзината војска учествува во втората фаза од вежбите за распоредување на руско тактичко нуклеарно оружје нарачани од рускиот претседател Владимир Путин.

Првата фаза од вежбите се одржа во јужна Русија минатиот месец, во она што нуклеарните аналитичари го опишаа како предупредувачки знак на Путин за да го одврати Западот поактивно да влезе во војната во Украина.

Белорускиот министер за одбрана, генерал Виктор Хренин рече дека вежбите се проактивна мерка за „да ја зголемиме нашата подготвеност да користиме таканаречено одмазднички оружје“.

-Сега, повеќе од кога било, сме решени да одговориме на какви било закани за нашата земја и за сојузот на Русија и Белорусија, рече тој.

Тој не кажа каде се одржуваат вежбите и каков вид на оружје користат. Белорусија дели граница со три земји членки на НАТО, Полска, Литванија и Латвија.

-Ние немаме за цел да создаваме никакви тензии во прашањата за регионалната безбедност. Ние не проектираме значителни воени закани за трети земји или некој друг, додаде Хренин.

Слични содржини