Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, денес изјави дека е време да се влезе во Појасот Газа со сета потребна сила, откако палестинската милитантна група Хамас покажа воздржаност во врска со новиот предлог на САД за прекин на огнот.
„Господине премиере, откако Хамас повторно го отфрли предложениот договор, нема повеќе изговори… Веќе пропуштивме премногу можности. Време е да влеземе со сета потребна сила, без око да ни трепне, за целосно да го уништиме и убиеме Хамас во Појасот Газа“, напиша Бен Гир во објава на Платформа X, објави италијанската агенција АНСА.
Хамас го отфрли новиот американски план за прекин на огнот во Газа и договорот за ослободување на заложниците прифатен од Израел, потврди официјален претставник на групата за Би-би-си порано денес.