17
Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на соседна Молдавија, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, на конференцијата на која се разговара за загриженоста за активностите на Русија во регионот.
-Се што правиме за да ја поддржиме Украина значи и поттикнување на стабилизација во однос на Молдавија. Јасно е дека најголемата грижа на луѓето овде е дека доколку Украина падне, Молдавија е следната, рече Бербок.
Германската министерка за надворешни работи пристигна во посета на Кишињев на министерскиот состанок на Молдавската платформа за партнерство, заедно со сојузниците од Франција и Романија.