Бербок: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност, за да биде поголема и побезбедна

од Симе Стоиков
240 прегледи

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека проширувањето на Европската унија е „геополитичка неопходност“ со цел да се направи поголема и побезбедна и предупреди дека не може да си дозволиме уште еднаш да „седи во чекалната“ цела генерација, како во земјите од Западен Балкан.

Во изјавата објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Германија по повод 20-годишнината од Големото проширување, Бербок истакна дека не смее да се пропушти можноста да се направи ЕУ поголема и посилна, а со тоа и побезбедна, со пристапување нови членови.

Таа изјави дека проширувањето на ЕУ станало „геополитичка неопходност“ барем од почетокот на војната меѓу Русија и Украина и оцени дека „политичките и географските сиви зони“ на Балканот или на истокот на ЕУ се „многу опасни“.

Слични содржини